Достапни линкови

Авионска несреќа во Авганистан


Патнички авион со 38 патници и 5 членови на екипажот се урна во Хинду Куш планините, западно од Кабул, соопштија од авганистанското Министерство за внатрешни работи. Авионот на авганистанска авиокомпанија „Памир Ервејс“ летал од провинцијата Кундуз кон Кабул. За сега нема информации за бројот на жртви. Портпаролот на НАТО Вејн Шанкс изјави дека алијансата испратила авион за да помогне во потрагата.
XS
SM
MD
LG