Достапни линкови

Во Банкок продолжуваат тензиите


Денеска истекува рокот што властите на Тајланд им го поставија на демонстрантите во црвени маици да го напуштат местото на протест во Банкок, каде што се стационирани од март. Од средата најмалку 36 лица загинаа во насилствата во Банкок кога ескалираа инцидентите откако беше погоден со снајпер армискиот генерал кој ги подржуваше демонстрантите. Генералот денеска им подлегна на повредите. Лидерот на анти-владините демонстранти денеска ја обвини владата за крво-пролевањето и ги повика владините трупи да прекинат со стрелањето врз демонстрантите.
XS
SM
MD
LG