Достапни линкови

Познатиот европски академик и издавач на германскиот весник Ди Цајт Јозеф Јофе беше еден од најголемите критичари на воведувањето на еврото. Дали најновите случувања во еврозоната и посебно грчката финансиска криза го ставаат во позиција да каже: „Нели ви реков“.

Предупредувањата на Јозеф Јофе против заедничката европска валута датираат уште во текот на деведесетите години од минатиот век кога еврото се уште беше само во фаза на планирање. Какво е сегашното негово мислење со оглед на жестокиот удар што еврото го доби од грчката должничка криза.

„Проблемот е монетарна унија без фискална унија. Тоа е како да ставиш неколку мотори во еден воз. Сите треба да почнат да работат со иста брзина, но како што сега е случајот со Грција еден заостанува. Единствена можност е да го исклучиш моторот кој ти пречи. Но, тоа е невозможно со оглед на Лисабонскиот договор.“
Грчка монета од 1 евро

Во таков случај, според него, Европската унија го прави единственото можно, и дава на Грција јаглен за да го одржи моторот да работи.

„Ние сега ги финансираме ефектите од грчкото недомаќинско работење.“

Јофе оценува дека не станува збор само за
Грција е многу мала економија за разлика од Италија и Шпанија. Доколку и тие се најдат во иста позиција тогаш Европската унија навистина ќе страда од она што овие земји долго време живеат со животен стил кој воопшто не можат да си го дозволат.
грчка должничка криза.

„Британија има многу висок дефицит, речиси е на исто ниво како и на Грција споредено со бруто домашниот производ. Но, никој не се грижи за тоа, затоа што Британија има многу добар рејтинг и таа може да го сервисира. Барем така зборуваат. Прашањето е дали следната земја која ќе се соочи со дефицит ќе може и да го отплаќа. Тие земји се Португалија, Ирска, Италија, Грција и Шпанија. Сите тие трошат премногу.“

Јофе додава дека се може да заврши со Грција. Но, доколку финансиските пазари решат и натаму да заработуваат на ист начин како што е со грчкиот случај, тогаш, како што наведува, на ред ќе бидат и други земји. Се зависи од нивната проценка, оценува тој.

„Единствен проблем со оваа логика е што Грција е многу мала економија за разлика од Италија и Шпанија. Доколку и тие се најдат во иста позиција тогаш Европската унија навистина ќе страда од она што овие земји долго време живеат со животен стил кој воопшто не можат да си го дозволат.“

Во Европската монетарна унија, како што додава, државите не можат да сметаат на девалвација на својата валута, која беше добар инструмент за враќање на конкурентноста и продолжување на стариот начин на живеење, бидејќи сега го имаат еврото. Затоа, вели Јофе, единствен пат е намалување на платите, зголемување на продуктивноста и кратење на трошоците, односно сето она на што паѓаат владите и експлодираат државите.

Тој и со оценка дека се глупави идеите за воведување на двојно евро, едно за развиените членки на еврозоната и друго за оние со послаби економии или пак, за привремен одмор од еврото за оние земји кои се наоѓаат во финансиски тешкотии.

„Кога еднаш ќе излезат од еврозоната, веќе никој нема да ги сака назад“, вели Јозеф Јофе од Ди Велт.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG