Достапни линкови

Иран близу до договор за размена на нуклеарно гориво


Турските власти соопштија дека Иран е близу до договор за размена на нуклеарно гориво, чија цел е да се намали загриженоста на Западните земји за контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Иран го одби предлогот на Oбединетите Нации да испрати збогатен ураниум во странствo со поквалитетно гориво за ректорот за истражување, бидејќи Техеран сакаше размената да биде извршена на нивна почва. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е во Техеран каде што ќе се сретне со бразилскиот претседател Луиз Игнацио Лула де Силва и кој изјави дека размената може да биде спроведена во Турција. Во Техеран денеска ќе започне самитот на 15 развиени земји од Азија, Африка и Јужна Америка.
XS
SM
MD
LG