Достапни линкови

Медведев во посета на Украина


Рускиот претседател Димитри Медведев е во дводневна посета на Украина. Во фокусот на разговорите ќе биде предлогот енергетскиот гигант Газпром да се поврзе со цевководната мрежа на украински Нафтогаз, преку која се транспортира околу 80 отсто од европскиот гас. Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека е изненаден од предлогот, кој беше инициран од рускиот премиер Владимир Путин. Откако Јанукович е избран за претседател на Украина односите меѓу двете земји бележат напредок. Опозицијата го обвини Јанукович дека го ризикува суверенитетот на земјата.
XS
SM
MD
LG