Достапни линкови

Саркози ја пречека Французинката која беше затворена во Иран


Францускиот претседател Николас Саркози денеска им се заблагодари на лидерите од Бразил, Сенегал и Сирија за, како што рече, нивниот активен придонес во ослободувањето на француска државјанка која беше уапсена во Иран. Дваесет и четири годишната Клотиде Реис беше осудена на казна затвор, под обвиненија дека учествувала на протестите кои во Иран избија по ланските претседателски избори. Таа денеска беше ослободена по исплата на казна во висина од 258,000 американски долари. Саркози лично ја дочека Реис на аеродромот во Париз.
XS
SM
MD
LG