Достапни линкови

Камшикување и затвор за иранска активистка


Иранските власти ја осудија најпознатата активистка за правата на жените во исламската република Шади Садр на затворска казна и камшикување поради тоа што учествувала на протест во 2007 година. Шадр, 35 годишната иранска активистка која добивала награди за своите постигнувања, добила затворска казна во времетраење од шест години и 74 удари со камшик. Со слични обвинениа се соочи и нејзина колешка која беше осудена на три години затвор и 30 удари со камшик. Во меѓувреме, членот на опозициската реформистичка партија и поранешен пратеник Мосен Армин беше уапсен во Техеран.
XS
SM
MD
LG