Достапни линкови

logo-print

Последни опомени пред полицискиот час во Банкок


Тајландските власти апелираа до жените, децата и повозрасните лица кои протестираат во импровизираниот камп на „црвените кошули“ во центарот на Банкок да се повлечат пред почетокот на полицискиот час. Портпаролот на тајландската армија Сансерн Кевакамед изјави дека властите побарале помош од странски организации. „Ги задолживме полицијата, Црвениот крст и претставници на невладини организации да влезат во кампот на демонстрантите и да ги убедат луѓето, посебно жените, децата и старите лица, да си заминат“ рече Кевакамед. Во меѓувреме, уште стотина демонстранти се собираат во друг дел на главниот град. Во изминативе неколку дена 25 лица загинаа во судирите меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата.
XS
SM
MD
LG