Достапни линкови

Второ одложување на сослушувањето на екс-премиерот Тимошенко


Украинските судски власти го одложија сослушувањето на поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Екс-премиерот е под истрага за наводна инволвираност во корупциски скандал во 2004 година. Испраќањето на поканата за на суд се одлага втор пат. Првиот пат документот не и беше испратен на екс-лидерката на украинската влада поради тоа што датумот на сослушувањето се поклопи со официјалната посета на рускиот претседател Димитриј Медведев. Неофицијално, второто одлагање на сослушувањето е поради „итно службено патување“ на екс-премиерот и сегашен лидер на украинската опозиција.
XS
SM
MD
LG