Достапни линкови

Иранските власти ослободија Французинка обвинета за шпионажа


Француската државјанка Клотиде Реис, која иранските власти ја обвинија за шпионажа, денеска се враќа во родната земја. Дваесет и четири годишната Реис беше уапсена под сомненија дека учествувала на ланските протести кои избија во знак на незадоволство од резултатите од претседателските избори. Нејзиниот адвокат изјави дека дозволата за заминување од Иран била одобрена, откако била платена казна во иснос од 285.000 американски долари. Апсењето на наставничката ги зголеми тензиите во односите меѓу Франција и Иран.
XS
SM
MD
LG