Достапни линкови

Бразилскиот претседател во Иран на разговори за нуклеарната програма


Претседателот на Бразил Луиз Инацио Лула да Силва денеска треба да пристигне во Иран каде ќе разговара со владини претставници и ќе се сретне со претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Бразилскиот лидер би требало да разговара со иранските власти за нуклеарната програма на официјален Техеран, во обид да ги убеди иранските лидери да разговараат со западните земји. Лула има 30 процентни шанси да постигне некаков договор со иранскиот државен врв, предвиде рускиот претседател Димитриј Медведев.
XS
SM
MD
LG