Достапни линкови

logo-print

Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во Македонија


Она што го реков е дека ако се одолжува решавањето на прашањето за името и исполнувањето на сите реформи коишто се важни за иднината на земјата и нејзиниот економски напредок, тоа секако ќе има негативно влијание. Нема сомневање дека постои клима на недоверба меѓу етничките заедници. Веќе предолго време постои клима на неизвесност каде оди земјата.


Вие веќе неколку месеци наназад предупредувате дека се возможни внатрешни тензии во земјава, пред се меѓуетнички доколку не добиеме датум за преговори. Мислите ли дека таа е позврзаноста на неколкуте настани со ваков предзнак коишто ни се случија во последниов период?


Она што го реков е дека ако се одолжува решавањето на прашањето за името и исполнувањето на сите реформи коишто се важни за иднината на земјата и нејзиниот економски напредок, тоа секако ќе има негативно влијание. Нема сомневање дека постои клима на недоверба меѓу етничките заедници и постоеја поевеќе прашања во изминативе месеци каде што ние ја видовме таа недоверба. Веќе предолго време постои клима на неизвесност каде оди земјата. Тоа се разбира дека има негативно влијаение врз меѓуетничките односи, така што нашата порака и понатаму ќе биде во насока да ја охрабрува Владата да обрне внимание на приоритетите коишто ги има земјата во смисла на реформите, во смисла на засилување на политичкиот дијалог и тоа е најдобриот начин да се справите со недовербата и да се покаже дека една од најголемите предности коишто ја има Македонија е нејзиниот мултиетнички карактер. Но, претстои многу работа за да се осигураме дека тое е обезбедено и проектирано и за во иднина.

Во која мера бојкотот на парламентот и нарушениот дијалог меѓу политичките партии влијаат врз нарушената политичка и безбедносна стабилност?

Нема сомневање дека тоа има негативно влијание. Ние апелиравме до ДПА повеќепати да се вратат во Парламентот. На крајот на краиштата тие се избрани за да дејствуваат во Парламентот и ние веруваме дека тоа е најдобриот начин да биде ставен во функција интересот на партијата како и интересот на државата. Исто така нема сомнеж дека дијалогот во парламентот не функционира како што би требало Минатата година беше постигнат голем напредок во насока да се подобри дијалогот меѓу политичките партии преку заеднички средби и партиски координации. За жал она што сега се случува во Парламентот е одраз на тоа што се случува или не се случува на лидерско ниво во полиитчките партии. Тие не се среќаваат толку често колку што би требало, треба да има редовни контакти меѓу лидерите на политичките партии, тоа е нормален процес во секоја земја , во секоја демократска земја каде што лидерите го креваат телефонот и разговараат меѓу себе и се обидуваат да најдат решение. За жал ние гледаме една постојана размена на навреди и кавги меѓу политичките партии коишто се обидуваат да го стават својот партиски интерес над интересот на државата. Се додека не дојде времето кога ќе постои многу подобра клима меѓу сите политички лидери каде што двете страни а владата особено треба да служи како пример но и опозицијата исто така мора да покаже чувство за одговорност и ангажираност во секој можен дијалог, се додека тоа не се случи, ќе постои таа недоверба и ќе постои таа напнатост во Парламентот и тој нема да функционира како што би требало.

Гледате ли поврзаност меѓу она што се случува во политичкиот дијалог и парламентот, со она што се случува на теренот?


Мислам дека е многу важно да правиме разлика меѓу тие две работи. Тоа што се случи на границата очигледно е група на криминалци, група на луѓе со криминални намери коишто во себе го немаат интересот на државата и ние ја поздравуваме операцијата на владините сили за справување со нив и мислам дека таа покажа дека постои капацитет. Истовремено, ние постојано потенцираме дека Владата мора да посвети поголеми напори во тој мултиетнички дијалог, во креирањето на многу попозитивна клима и да инвестира во сите тие подрачја, има многу маргинализирани општини во чувствителните погранични подрачја со Косово, со Албанија и тн и мора да се вложат поголеми напори во економската инфраструктура. Се сеќавате на неколкуте стотини кои отпатуваа за Брисел во потрага по економски азил. Тие заминаа затоа што не гледаат никаква економска перспектива. Мора да се вложат повеќе напори да се подобрат економските услови во овие подрачја и да се намали чувството на отуѓеност на населението во овие подрачја.

Стравувавте и за одржувањето на духот на реформите како поминува времето и веќе покажавте незадоволство во врска со одредени точки од нив. Очекувате ли тоа да се одрази и врз содржината на есенскиот извештај? Кои би можеле да бидат слабите точки потенцирани во тој извештај?

Нема сомневање дека минатата година ние видовме еден позитивен моментум којшто се разбира доведе до позитивната препорака од страна на Комисијата. Но сега, од почетокот на годинава ние го гледаме не спротивното но секако момент на назадување, за жал, затоа штоако се усвоени закони, но тие не ги одразуваат најдобрите интереси на земјата а исто така не ги одразуваат стандардите востановени на ниво на ЕУ, тогаш тоа ќе се одрази негативно во извештајот за напредокот наесен. Ако продолжи на овој начин она што се случува, тоа ќе ги поткопа сите достигнувања од минатат година. Ние постојано апелираме до Владата да биде посветена на напорите да се справи со овие многу сериозни реформи коишто ќе донесат многу позитивни предности за граѓаните ако бидат направени. Тоа се независноста на судството, тука е се е донесено но имплементацијата и натаму е голем проблем. Сеуште постојат податоци за политичко влијание врз судството што ја ослабува довербата на јавноста , потоа реформите на јавната администрација. За жал ние сеуште гледаме примери на назначување во јавните установи, во државните институции, во агенции, коишто треба да работат независно, коишто се политички и тоа повторно, ја ослабува довербата на граѓаните во јавните установи коишто би требало да бидат професинални и деполитизирани. Имавме слушнато и за многу охрабрувачки потези на Владата, но сеуште псотојат во реалноста тие политички назначувања што мора да престане еднаш засекогаш.

Сепак се чини и дека е тешко да се опстојува на висината на бриселските задачи поради засега незибежното статус кво на евроинтегративниот пат. Очекувате ли чудо до јуни што се однесува до спорот за името?


Ние се разбира ја охрабруваме Влдата да направи се што е можно и што се однесува до исполнувањето на реформите, исполнување на обврските кон граѓаните на Р Македонија но исто така да посвети внимание и на изнаоѓање решение на прашањето за името и тука еврокомесарот Филе беше многу јасен во охрабрувањето на Влдата да ги интензивира директните контакти со грчките власти во рамките на процесот што го води Нимиц во обид да се изнајде решение. Нема подобро време од сега, треба да се направи што е можно побрзо.

Како гледате во тој контекст на изјавата на министерот за надворешни работи, Милошоски дека можеби подобра атмосфера за добивање датум и за текот на преговорите би имало наредната година кога со Унијата ќе претседаваат држави кои и се поблиски на Македонија, како Унгарија и Полска?

Мислам дека тоа е една несоодветна и погрешна перцепција на ситуацијата. Се надевам дека таа нема да влијае врз навистина силната определба на македонските граѓани со коишто с есоочувам секој ден. Тие сакаат да ја видат земјата да се движи напред, тие сакаат да зилезат од чувствотот на стагнација, и не постои ниеден момент како што е сегашноста . Многу е важно во моментот што беше псотигнат минатта година да се изгуби и дека Владата работи ефективно со намера да одговори на овие аспирации. Мислам дека е погрешно да се оддава поинаков впечаток.

Зошто Македонија освен поттик, не добива и конкретна поддршка од Брисел што се однесува до спорот за името, нешто слично како во хрватско- словенечкиот спор?

Разликата е во тоа што овде постои процес, процесот кој што го раководи Нимиц, ние и Комисијата и Советот и останатите институции ги охрабруваме двете страни да се ангажираат да пристапат со чувство на итност на процесот на Нимиц и да изнајдат решение. Тоа е предизвикот што тие го имаат. Имаше одлични средби меѓу премиерите од двете страни и тие треба да продолжат. И како што рече комесарот Филе, потребни се повеќе од една или две средби за да се востанови атмосфера на доверба меѓу двајцата соседи. Мора да постои поинтензивен ритам на средби за да се изнајде решение што ќе и даде на земјата чувство на извесност за иднината.

Со оглед на различните изјави, морам да Ве прашам, знае ли меѓународната заедница точно за што се преговара? Зошто изјавите се толку различни. Зошто велите дека идентитетот не може да биде загрозен во овие преговори?

Јас не сум вклучен во преговорите, но би рекол дека тоа што сум го рекол е само одраз на она што самиот медијатор го има кажано дека овие преговори се водат околу името, не за промена на идентитетот на земјата. ЕУ не ги прави тие работи. Не станува збор за идентитетот. Ова е прашање коешто ги разделува двете соседни земји и решение мора да се најде и најдобриот начин да се направи тоа е двете земји да седнат заедно и да најдат решение за името. Прашањето на идентитетот е нешто што е свето за македонските граѓани, исто ккао што е свето и за сите останати граѓани на земјите од Европката Унија и тоа е нешто што никогаш нема да се смени и навистина е многу важно да се напушти таа перцепција и да се направат обиди да се злоупотребат елементите на идентитетот за да се направи обид да се создаде чувствителна атмосфера околу преговорите зошто тоа нема да помогне на подолг рок. Морам да кажам дека забележувам голема промена во атмосрефарата на разговорите од времето кога дојдов до сега. Преговорите се многу чувствителни но станува збор за името на државата.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG