Достапни линкови

logo-print

Тајландскиот премиер сака да ги смири протестите со „минимално крвопролевање“


Тајландскиот премиер Абхисит Вејајива изјави дека се обидува „да ги смири нередите во Тајланд со минимално крвопролевање“. Неговите забелешки, кои ги даде во обраќање на државната телевизијам следат по одлуката на тајландските вооружени сили да го прогласат центарот на главниот град за зона на пукање. Новинските агенции јавуваат дека ова е предупредување за демонстрантите облечени во црвени маици, дека вооружените лица ќе пукаат во нив. Од четвртокот до денеска во немирите загинале шеснаесетмина. Популарно наречените „црвени кошули“ протестираат во центарот на Банкок од 15 Март, изразувајки го незадоволството од лошите социо – економски услови во земјата.
XS
SM
MD
LG