Достапни линкови

Од утре ќе се затвораат аеродроми во Британија ?


Делови од британскиот воздушен простор можеби ќе бидат затворени поради ширење на нов облак вулканска пепел од Исланд, јави новинската агенција „Ројтерс“ повикувајки се на официјални извори. Од утре до понеделник може да бидат затворени неколку аеродроми во југот на земјата, вклучувајки го и најпрометниот аеродром „Хитроу“ во близина на Лондон. Во соопштение на британската влада се наведува дека поради ерупциите во Исланд и временските услови, можно е да се затворат делови од воздушниот простор над Англија. Најавени се и дополнителни соопштенија во врска со евентуалните рестрикции на летовите.
XS
SM
MD
LG