Достапни линкови

ЕБОР ги смени проекциите за економски раст на земјите од источна Европа


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ги зголемила проекциите за раст во источна европа од 3,3 на 3,7 проценти. Промената на проекциите се должат на напредокот во најразвиените економии во источна европа и Азија, соопштија од институцијата. Во соопштението се додава дека земјите во источна Европа се наоѓаат во период на неизвесност во поглед на опоравувањето од глобалната економска криза. Се предупредува и за нови ризици кои ги предизвикуваат зголемените фискални притисоци и финансиската ранливост на западноевропските земји.
XS
SM
MD
LG