Достапни линкови

logo-print

По протестите, во Киргистан е мирно


Низ Киргистан денеска е мирно, откако привремените власти повторно ги превземаа зградите во јужните градови на земјата, кои претходно под своја контрола ги ставија подржувачите на поранешниот претседател Курманбек Бакиев. Едно лице загина а шеесетмина беа повредени вчера во протести против привремената власт во земјата во градовите Јалал-Абад, Ош и Баткен. Одговорните за насилствата биле соодветно казнети, рече Роза Отумбаева, лидерот на киргистанската привремена влада.
XS
SM
MD
LG