Достапни линкови

logo-print

Марш на палестинците во Газа


Илјадници палестинци денеска маршираа во Газа, одбележувајки ја 62 годишнината од нивното раселување во 1948 по формирањето на израелската држава. Со маршот се одбележува таканаречената „Накаба“ што во превод значи катастрофа. Околу 5 милиони палестинци се раселени во различни делови на блискиот исток. Израел не ги прифаќа нивните барања да се вратат, тврдејки дека со тоа ќе и` се стави крај на еврејскта држава.
XS
SM
MD
LG