Достапни линкови

Масакр во БиХ - тројца мртви, осум повредени


Во село Хлапчевиќи кај Високо - БиХ, синоќа напаѓач со нож убил три, а тешко повредил седум луѓе, меѓу кои и четири деца.
Полицијата го уапсила убиецот, Недим Фејзиќ 40-годишен маж кој најверојатно бил душевно болен.
Меѓу убиените се наоѓаат две жени, на 35 и 40 годишна возраст, и 74-годишен старец. Повредените, кои се деца на возраст меѓу една и четири години, се оперирани во Клиничкиот центар Сеучилиште во Сараево.
Убиецот за време на апсењето давал отпор и исто така се наоѓа во сараевската болница.
Мотивот за масакрот се уште е непознат, а претставник на Министерството за внатрешни работи на Зенитско-добојскиот кантон изјави дека истрагата е во тек.
XS
SM
MD
LG