Достапни линкови

Нова ера во Турско - грчките односи


Грција и Турција, кои во изминатите 50 години неколку пати беа на работ на војната, се согласија да се обидат да ги ублажат тензиите. Ова, како што јавуваат светските агенции, е главната поента од историската посета на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на Атина. Тој со 10 министри и околу 80 бизнисмени ја поставил „новата ера“ во односите меѓу Турција и Грција.Двете страни потпишаа 21 билатерален договор за соработка во туризмот, енергијата и животната средина и илегалната имиграција. Премиерите Ердоган и Папандреу разговараа и за намалување на трошоците за одбраната.

XS
SM
MD
LG