Достапни линкови

Во Загреб средба Груевски, Бериша


Претседателот на Владата Македонија Никола Груевски денеска во Загреб оствари средба со неговиот албански колега Сали Бериша при што ги реафирмирале одличните политички односи меѓу двете земји и изразиле подготвеност за зголемување на економска соработка. Тие го поздравиле прогресот во спроведувањето на Рамковниот договор, констатирајќи дека треба да се продолжи со негова имплементација. Груевски и Бериша ги осудиле сите појави на екстремистички активности, шверц и криминал. Предходно, во рамките на регионалната средба на шефови на влади на маргините на годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, Груевски оствари средби со премиерите Хрватска, Јадранка Косор, на Босна и Херцеговина Никола Шпириќ, и на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.
XS
SM
MD
LG