Достапни линкови

Груевски: со Гордон ги анализиравме проблемите


Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека со американскиот помошник државен секретар Филип Гордон синоќа во Загреб разговарале за прашањето за името и за проблемите со кои се соочува Македонија на патот кон НАТО и ЕУ. Македонскиот премиер, како што јавува МИА, изјавил дека на средбата со Гордон немало конкретни сугестии, но имало длабинска анализа. ,,Силно сме фокусирани што побрзо да се најде решение за проблемот со името. Волјата е огромна, но треба да добиеме предлог што го очекуваме подолг период, кој ќе биде прифатлив за двете земји и за поширокото граѓанство со оглед на тоа што ние се имаме обврзано да излеземе на референдум доколку дојде до поконкретно решение,, рече Груевски.
XS
SM
MD
LG