Достапни линкови

Македонија смета на помош од ЕБОР


Европската банка за обнова и развој е расположена да продолжи со инвестирање во регионот и сметам дека ќе ни биде од голема помош и во иднина, изјави македонскиот премиер Никола Груевски кој денеска во Загреб учествува на регионалната средба на шефови на влади, на маргините на годишното собрание на ЕБОР. ,,На средбата, побарав поддршка од ЕБРД за помош на проектот за изградба на железницата кон Бугарија, за доградба на коридорот 10 во јужниот дел на Македонија и за неколку енергетски проекти,, прецизира Груевски.
XS
SM
MD
LG