Достапни линкови

logo-print

Атина и Анкара со договор за враќање имигранти


Грција и Турција денеска во Атина потпишаа договор за враќање во Турција на илегални имигранти кои пристигнуваат на грчкото крајбрежје. Договорот беше потпишан за време на посетата на официјална турска делегација предводена од премиерот Реџеп Таип Ердоган на Грција. Ердоган беше примен од грчкиот претседател Каролос Папуљас пред разговорите со шефот на владата Јоргос Папандреу. Папуљас изјави дека посетата на турскиот премиер ќе даде добри резултати и ќе се засили атмосферата на соработка и добрососедство.
XS
SM
MD
LG