Достапни линкови

ДПА бара независна истрага за „Радуша“


ДПА бара да се спроведе независна истрага од страна на меѓународната заедница за полициската акција кај скопско Радуша.
Имер Алиу координатор на пратеничката група на ДПА на прес-конференција во Тетово изјави дека цел е да се расветли овој случај во кој беа убиени четворица Албанци. Акцијата, според ДПА, “наликувала на класична ликвидација во латино американски стил, а објаснувањата дадени од страна на Владата за овој случај не биле логични ниту професионални“.
Алиу ги повика Албанците да се дистанцираат од разните сценарија за постигнување политички цели преку употреба на сила.
XS
SM
MD
LG