Достапни линкови

Специјален пратеник на ЕУ за Балканот?


Високиот претставник на ЕУ во БиХ, Валентин Инцко го поздрави ставот на својот претходник Педи Ешдаун и новиот британски министер за надворешни работи Вилијам Хејг дека ЕУ треба да именува специјален пратеник за Балканот.
Истовремено, известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин истакна дека би можел да ги поддржи ставот и иницијативата на Ешдаун, но под услов на сличен чекор да се решат и САД.
Земјите од Западен Балкан се во различни позиции. Оние кои се кандидати за ЕУ имаат посебни делегации на Унијата, а јас одамна зборувам дека Вашингтон би требал да има посебен пратеник во првиот ред за државите кои имаат потреба од внимание - БиХ, Косово, но и Македонија и Србија, изјави Кацин.
XS
SM
MD
LG