Достапни линкови

По полициска акција во Ново Село ситуацијата е мирна.


По синоќешната полициска акција во тетовско Ново Село ситуацијата денеска е мирна.
Градоначалникот на општина Желино во чиј состав е Ново Село, Фатмир Изаири потврди дека во вчерашната акција бил приведен Демир Мифтари и неговите три сина. Мифтари е задржан во полициската станица, а неговите деца се пуштени, рече Изаири.Тој се пожали на слабата соработка со МВР бидејќи како што вели веќе две до три недели во општината над селото Рогле биле стационирани специјални полициски сили, но ниту тој ниту одговорните во полициската станица во Групчин не биле информирнаи за тоа.
XS
SM
MD
LG