Достапни линкови

Нов тон во односите меѓу Британија и САД


Новиот шеф на британската дипломатија Вилијам Хејг сака во текот на денешната посета на Вашингтон, негова прва посета во странство од преземањето на функцијата, да воспостави нов тон во односите меѓу двете земји. Истовремено, како што јавуваат агенциите, тој ќе настојувал да ја увери администрацијата на претседателот Барак Обама дека новата британска коалициска влада е цврста посветена на војната во Авганистан и покрај тоа што лидерите на коалицијата се критички настроени спрема тоа прашање. Вилијам Хејг во Вашингтон ќе разговара со државниот секретар Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG