Достапни линкови

Пукотници во Бангкок


Во центарот на Бангкок што е под контрола на антивладините демонстранти денеска се слушале истрели, јавуваат агенциите, прецизирајќи дека до ова дојде веднаш по најавата на тајландската војска дека со употреба на сила ќе ги истера демонстрантите. Агенциите наведуваат дека воени конвои се движеле кон авенијата која ја имаат заземено околу 2 илјади антивладини приврзаници. Се јавува и дека некои воени возила биле запалени. Од почетокот на протестите на 12 март досега во протестите загинале трисетина луѓе.

XS
SM
MD
LG