Достапни линкови

Филе: можна заострена оценка за напредокот на балканските земји


Сегашната финансиска криза во Грција нема да се одрази врз брзината на приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската унија. Тоа многу повеќе ќе зависи од брзината на нивните реформи. Ова за Радио Слободна Европа го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој оценува дека можеби би дошло до заострено оценување на напредокот на балканските земји односно условите што треба да ги исполнат, но, како што вели, никаков надворешен фактор, вклучувајќи ја и сегашната економска криза во Унијата не ќе може да го одложи процесот за проширување. Филе додава дека во врска со Македонија Брисел само чека на зелено светло од, како што вели, една членка на Европската унија за да ги почне преговорите за членство.
XS
SM
MD
LG