Достапни линкови

Во Загреб средба Груевски, Косор


Претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски претпладнево во Загреб ќе има работна средба со хрватската премиерка Јадранка Косор. Средбата се одржува во пресрет на регионалниот форум на шефови на влади на маргините на годишното собрание на Европската банка за обнова и развој. На состанокот е предвидено учество и на премиерите на Србија Мирко Цветковиќ, на Босна и Херцеговина Никола Шпириќ, на Албанија Сали Бериша и на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.
XS
SM
MD
LG