Достапни линкови

Турскиот премиер Ердоган во посета на Грција


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ја започна дводневната посета на Атина. Ердоган и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу ќе претседаваат со првото заседание на советодавниот совет, кој вклучува по десет министри од секоја земја. Оваа иницијатива е замислена со цел да се зајакнат врските помеѓу двете сојузнички во НАТО, кои во 1996 година се наоѓаа на работ на војна. Според грчките медиуми, се предвидува Грција и Турција да потпишат десет договори за зајакнување на билатералната соработка во областа на економијата.
XS
SM
MD
LG