Достапни линкови

Две лица ранети во експлозија пред затвор во Атина


Две лица биле ранети во експлозија на бомба пред најголемиот грчки затвор Коридалос во Атина, соопшти полицијата. На експлозијата и претходеле анонимини повици упатени до весникот Елефтеротипија и до приватната телевизија Алтер.
Бомбата била поставена во контејнер за отпад, во близина на женското крило на затворот. Експлозијата предизвикала материјална штета на надворешниот дел на затворската зграда и на околните згради. Засега никој не ја презеде одговорноста. Во затворот Коридалос се наоѓаат неколку членови на левичарската група Револуционерна борба, обвинети за напад врз американската амбасада во Атина во 2007 година.
XS
SM
MD
LG