Достапни линкови

Косовскиот министер за внатрешни работи во Македонија


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска во Скопје ќе се сретне со косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи и со директорот на полицијата Бехар Селими. Не е најавено што ќе биде тема на разговорите, но се очекува на средбата да стане збор за регионалната безбедност во контекст на најновите инциденти во Македонија, во кои осомничени беа и косовски државјани.
XS
SM
MD
LG