Достапни линкови

Во Загреб средба Груевски- Гордон


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски синоќа во Загреб се сретна со помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Гордон. Двајцата соговорници, како што се наведува во соопштението од владата, ги осудиле сите пројавни облици на екстремистички структури и заклучиле дека политичкиот процес треба да се заснова врз демократски принципи, институционален и политички дијалог, како и доследно спроведување на владеењето на правото. На средбата станало збор и за европската перспектива на Република Македонија и регионот, како и за стратегиското партнерство на Република Македонија и САД. Премиерот Груевски го информирал Гордон за реформите што Владата на Република Македонија ги спроведува во насока на достигнување на европските и евро-атлантските стандарди. Премиерот ја искажал и фокусираноста за доследно спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и посветеноста за изнаоѓање на решение за прашањето за името.
XS
SM
MD
LG