Достапни линкови

Годишно собрание на ЕБРД


Во Загреб започнува 19-тото редовно годишно собрание на Европската банка за обнова и развој. На дводневниот состанок кој ќе биде посветен на тоа како најдобро да се поддржи регионот во периодот по светската економска криза, ќе присуствуваат околу 2300 високи владини претставници, бизнис лидери, меѓународни и локални институции и граѓански асоцијации. Од Македонија на состанокот ќе присуствува делегација предводена од министерот за финансии Зоран Ставревски. Премиерот Никола Груевски ќе учествува на средбата на шефови на влади што ќе се одржи на маргините на собранието.
XS
SM
MD
LG