Достапни линкови

logo-print

Во Британија не се тргува со банкноти од 500 евра


Британската агенција за борба против организираниот криминал соопшти дека менувачниците во оваа држава од пред околу еден месец престанале да продаваат банкноти од 500 евра затоа што нивното користење им оди на рака на криминалците. Оваа агенција ги убедила банките кои ги снабдуваат менувачниците со пари, доброволно да престанат да тргуваат со банкнотите од 500 евра со цел да го осуетат перењето пари. Оваа банкнота им овозможува на криминалците да исперат големи суми пари преку релативно малку трансакции.
XS
SM
MD
LG