Достапни линкови

Ќе се уништува оружјето во Босна


Босанските власти денеска соопштија дека ќе уништат илјадници парчиња оружје од конфликтот кој траеше од 1992 до 1995 година. Министерот за одбрана Селмо Цикотич, во своето обраќање по потпишувањето на договор за соработка со Соединетите американски држави, рече дека во земјата има 20.000 тони муниција и неколку десетици тони лесно оружје. Еден од условите за Босна да стане членка на НАТО е да се уништи оружјето. Исто така, има за сега неофицијализирани планови за донација на 16.000 автоматски пушки и 60 парчиња артилерија за авганистанските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG