Достапни линкови

Меркел: Неуспехот на еврото би бил неуспех за Европа


Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека неуспехот на еврото би претставувало неуспех и за Европската унија. „Со неуспехот на еврото не се губат само пари, туку се губи и Европа и идеата за европското единство“ рече Меркел при своето обраќање на церемонија во Полска. Во изминатиов период европската валута беше под притисок поради должничката криза во Грција. Стравот од проширување на кризата низ целата еврозона ги мотивираше Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд да испратат пакет помош тежок над 11 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG