Достапни линкови

Белорусија ги повлече своите дипломати од Киргистан


Белорусија го повлекла својот амбасадор од Киргистан поради загриженост за безбедносната ситуација во земјата, јавија новинските агенции. „Ројтерс“, повикувајки се на неименуван службеник од белоруското Министерство за надворешни работи, јави дека сите белоруски дипломати денеска го напуштиле Бишкек. Инаку, денеска приврзаници на поранешниот претседател Курманбек Бакиев ја ставиле под своја контрола локалната владина зграда во јужниот град Ош. Тоа се случило по демонстрациите на стотина лица а при превземањето на зградата немало повредени. Тие бараат Бакиев, како и сменетиот локален гувернер да се вратат на власт. Бакиев по крвавите немири во Бишкек избега во Белорусија. Протести на приврзаниците на екс-лидерот се случуваат во неколку градови во југот на Киргистан.
XS
SM
MD
LG