Достапни линкови

logo-print

Дебарчанецот Мустафовски 30 години на дијализа


На одделот за дијализа при општата болница во Дебар цели 30 години на дијализа е пациентот Абдија Мустафовски. Тој вели дека и на тој начин може да се живее, но според него најбитно е да се има желба за живот. Со дијализа започнал кога имал 24 години.

Во општина Дебар последните години има пораст на бројот на пациентите кои се под дијализа. На одделот за дијализа при Општата болница во Дебар цели 30 години на дијализа е пациентот Абдија Мустафовски. Тој вели дека и вака може да се живее , но за него најбитно е да се има желба за живот. За прв пат Абдија кој денеска има 54 години, со дијализа започнал на неговата 24 годишна возраст.
Цели 30 години сум под дијализа. За мене не е тешко да живеам и вака. Јас имам желба за живот. Многу сум благодарен на персоналот.


„Цели 30 години сум под дијализа. За мене не е тешко да живеам и вака. Јас имам желба за живот. Многу сум благодарен на персоналот.“

Лекарот Драган Клопчевски подвлекува дека неговиот пациент има одлична дисциплина во примената на лекарствата.

„Овој пациент е на хронична програма на хемодијализа од 15 април 1980- та година. Но, тој како пациент одржува хигиенско-диетален режим на високо ниво и е агажиран перманантно и редовно во примената на дијализата.“
Овој пациент е на хронична програма на хемодијализа од 15 април 1980- та година. Но, тој како пациент одржува хигиенско диетален режим на
високо ниво.


Раководителкот на Одделот за хемодијализа при општата болница во Дебар Лавдерим Села е прв лекар кој го има примено овој пациент.

„За овој период кај овој пациент се направени околу 5000 редовни, но и вонредни хемодијализи, направени се над 10 хируршки зафати, направени се 7 пристапи за дијализа како и над 200 рентгенски снимки. Тој има силна желба за живот, добар режим на диета и пациент кој редовно прима лекарства. Но, јасно дека многу е битен и самиот развој на дијализа во Република Македонија, кој за разлика од 80-те години сега е мошне модерен и ефективен.“

Семејството Мустафовски живее во селото Долно Косоврасти. Братот на Абдија, Ариф е тој кој најмногу му помага во секојдневието.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG