Достапни линкови

Разговор Клинтон - Бингуо


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон разговараше со кинескиот државен советник Даи Бингуо. Како што соопшрија од Стејт департментот, двајцата постигнале „добар напредок“ во разговорите за нови санкции на Обединетите нации против Иран, поради нуклеарната програма на исламската република. Клинтон и Бингуо неколку часа разговарале по телефон за Иран и Северна Кореа. Иран до сега неколку пати ги одби барањата на меѓународната заедница да престане со збогатувањето на ураниум, тврдејки дека нуклеарната програма на официјален Техеран е само за мировни цели.
XS
SM
MD
LG