Достапни линкови

Застрелани тројца осомничени за нападите во московското метро


Првиот човек на руската безбедносна агенција денеска изјави дека агенти убиле три лица кои биле осомничени за организирање на терористичките напади во московското метро. Александар Бортинков додаде дека тројцата осомничени „пружале отпор со огнено оружје“ поради што биле застрелани. Се верува дека тројцата осомничени им го организирале патувањето од Дагестан до Москва на двете жени кои детонираа бомби во подземната железница во Москва.
XS
SM
MD
LG