Достапни линкови

Потона платформа за природен гас во Карипското море


Венецуелска платформа за природен гас потона во Карипското море денеска. Венецуелскиот министер за енергетика Рафаел Рамирез изјави дека нема ризик од појава на еколошка катастрофа. Според се уште неофицијални информации деведесет и петмината работници биле навремено евакуирани. За сега не се знае зошто потонала платформата.
XS
SM
MD
LG