Достапни линкови

Средба Иванов - Гордон


Македонија го цени ангажманот на Соединетите Американски Држави за надминување на единствената пречка за интеграцијата на Република Македонија во евроатлантските структури, рекол претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Филип Гордон, помошник државен секретар на Соединетите американски држави. Македонија е таа што е најзаинтересирана за решение на спорот со Грција, рекол Иванов на средбата. Гордон, пак, рекол дека Соединетите американски држави ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во нејзините евроатлантски аспирации, се наведува во соопштението од претседателскиот Кабинет.
XS
SM
MD
LG