Достапни линкови

Прва седница на новоформираната британска коалиција


Новоизбраниот британски премиер Дејвид Камерон денеска претседаваше со првата седница на новата владина коалиција. Главна тема на дискусија бил рекордниот дефицит на земјата кој се проценува на 11 проценти од бруто домашниот производ, потврдија Камерин и либерал – демократот Ник Клег, кој е назначен за вицепремиер. Во новиот владин состав има 18 министри од конзервативната партија и а петмина министри се либерал-демократи. Станува збор за прва коалициска влада во Британија по Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG