Достапни линкови

Македонска делегација на Годишното собрание на ЕБОР


Македонска делегација предводена од заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески од утре ќе престојува во Загреб, каде ќе учествува на Годишното деветнаесетто собрание на Европската банка за обнова и развој. Дводневниот состанок на банката ќе биде посветен на тоа како најдобро да се поддржи регионот во периодот што следи по светската економска криза. На средбата, според најавите ќе присуствуваат околу 2.500 високи владини претставници, бизнис лидери, меѓународни и локални институции и граѓански асоцијации.
XS
SM
MD
LG