Достапни линкови

Папата во посета на Португалија


Папата Бенедикт Шеснаесетти им се обрати на португалските верници во катедралата Фатима денеска. Организаторите проценуваат дека на настанот се присутни околу половина милион верници. Посетата на Папата се случлува во услови на криза во католичката црква предизвикана од скандали за педофилија. Првиот човек на католичката верска заедница, пред денешното обраќање изјави дека проблемите на институцијата се предизвикани од „гревови во црквата“ а не од медиумското внимание, додавајки дека „прошката не е замена за правдата“.
XS
SM
MD
LG