Достапни линкови

Босна - без попис нема приближување кон ЕУ


Европската комисија настојува Босна итно да донесе закон за попис на населението, за да може да организира попис следната година, во спротивно приближувањето на земјата кон ЕУ би можело да се забави.
Ако законот не биде донесен до почетокот на летниот одмор на Парламентот, организирањето на пописот во 2011 година ќе биде невозможна мисија, се наведува во писмото на ЕК, објавено во весникот Ослобоџење и адресирано до босанскиот премиер Никола Шпириќ.
Без попис на населението ЕУ нема да биде во состојба да води адекватен процес за приближување на Босна кон Унијата, предупредуваат европски претставници, додавајќи дека постои ризик процесот да биде забавен.
Прашањето за пописот е едно од прашањата, кои предизвикуваат несогласување меѓу трите главни заедници во Босна - бошњачката, хрватската и српската.
XS
SM
MD
LG