Достапни линкови

Харадинај - со оружје во Македонија не им помагате на Aлбанците


Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај упати апел до лицата кои ја загрозуваат безбедноста во Македонија да го остават оружјето, оценувајќи дека нивните акции не помагаат за решавање на албанското прашање на Балканот.
Харадинај, кој е еден од главните носители на оружениот бунт на Косово, истакна дека оружените судири им нанесуваат штета на Албанците и ги фаворизираат останатите.
Во интервју за телевизијата „Алсат“, тој објасни дека вооружените групи во Македонија му штетат на албанското прашање и ги повика сите поранешни војници и офицери да не го прифаќаат тој проект и да не му помагаат.
- Тоа не е проект кој дава гаранции дека може да му помогне на албанското прашање во Македонија или во регионот, нагласи Харадинај.
XS
SM
MD
LG