Достапни линкови

Континуиран американски ангажман на Балканот


Стејт Дапертмент

Стејт Дапертмент

Многу е важно да се испрати порака дека Балканот се движи во вистинска насока, но оти клучните предизвици во тој дел на светот се уште не се надминати. Ова за Радио Слободна Европа го оценува Чарлс Капчан, професор по меѓународни односи на Џорџтаун универзитетот и член на Советот за меѓународни односи за турнејата на американскиот помошник државен секретар Филип Гордон на Балканот.

Посетата на американскиот помошник државен секретар Филип Гордон на Балканот, за американскиот експерт Чарлс Капчан претставува порака дека тој дел од светот е вратен во фокусот на Вашингтон

„Мислам дека посетата на Гордон на регионот испраќа важен сигнал за континуираниот американски ангажман на Балканот. Слободно можеме да кажеме дека Балканот за време на администрацијата на Буш се изгуби од радарот поради 11 септември и војните на Блискиот и Средниот Исток. Сега се носи порака дека тој дел од светот е вратен во фокусот“, наведува Капчан во интервјуто со новинарката на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ.

Капчан додава дека е многу важно да се
Мислам дека посетата на Гордон на регионот испраќа важен сигнал за континуираниот американски ангажман на Балканот. Слободно можеме да кажеме дека Балканот за време на администрацијата на Буш се изгуби од радарот поради 11 септември и војните на Блискиот и Средниот Исток. Сега се носи порака дека тој дел од светот е вратен во фокусот.
испрати сигнал оти Балканот се движи во вистинска насока, но оти клучните предизвици во тој дел на светот се уште не се надминати. Затоа, според Капчан, освен американските, во регионот треба да бидат присутни и дипломатските напори и настојувања и на другите меѓународни играчи, како Европската унија и Турција. На таков начин, како што оценува, ќе се зацврстуваат позитивните трендови кои беа иницирани во изминативе неколку години.

Во таа смисла, според него, е и конференцијата меѓу Европската унија и Западен Балкан што на втори идниот месец треба да се одржи во Сараево.

„Мислам дека тоа е чекор во вистински правец во смисла на потребата Европската унија да биде поангажирана на Балканот, бидејќи во регионот остана многу од она што се нарекува, незавршена работа. Тука пред се е Босна и Херцеговина која многумина посматрачи ја гледаат како многу кревка држава.“

Капчан вели дека Соединетите Држави ја поздравуваат водечката улога на Европската унија во стабилизирањето на регионот. Тој оценува дека е добро што на сараевската конференција е најавена можноста за учество и на претставници на Србија и на Косово.

„Конечно ако е цел да се да се дојде до нормализација на односите меѓу Србија и Косово, таа нормализација нема да дојде од Европската унија или Соединетите Држави. Тие се само посредници кои можат да понудат помош. Нормализацијата ќе остварат косовските Албанци и Срби, посебно претставниците на нивните власти кои во меѓусебни средби и разговори ќе успеат на крајот да дојдат до компромис.“

Чарлс Капчан и со оценка дека е добро тоа што и Турција во последно време се повеќе се ангажира на Балканот и оти тоа ќе го поттикне развојот на регионот.

„Сметам дека пресвртот на турската дипломатија кон поактивно водство во Западен Балкан е многу позитивен факт. Турција имаше специфична историска улога во регионот. Затоа таа е во состојба да им понуди на балканските држави умешно посредување што често не им одеше од рака на многу поголемите дипломатии“, оценува Чарлс Капчан, професор по меѓународни односи на Џорџтаун универзитетот и член на Советот за меѓународни односи, во интервју за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG